Мисајловски: Големата излезност покажува дека народот помасовно сака да заокружи за Македонија

Дојде и 15 јули, денот каде што македонскиот народ може да си го даде својот глас. Јас се надевам на убедлива и сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Може тоа да се види дека редици граѓани доаѓаат, тоа значи дека сите сакаат да се смени оваа власт, изјави Владо Мисајловски, носител на ИЕ3.

„Затоа ги охрабрувам сите граѓани да имаат убав ден, посакувам убав изборен ден, се разбира без инциденти, без нешто неочекувано, а не она што го прави СДСМ постојано, агитираат на терен, асфалтираат во молк и така натаму. Но, со сето тоа што го прават, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Народот ќе излезе во голема бројка, а веќе може да го видиме од утринските часови дека се помасовно сака да заокружи на ливчето, односно сака да заокружи за Македонија.

Затоа ве охрабрувам сите да имаат  убав ден и се разбира ВМРО-ДПМНЕ да ја прослави победата, а потоа многу набрзо да ја формира Владата.

Честитки до сите граѓани за предкампања, во кампањата се разбира, а сега и денот кога со пенкало треба да ја изберете вашата иднина“, кажа Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега