Мисајловски: Избори се потребни, кога и да се случат ќе победи опозицијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски смета дека предвремени парламентарни избори се потребни и дека кога и тие да се случат ќе победи опозицијата.

 

Во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мисајловски рече дека СДСМ и ДУИ се плашат од избори и дека со новата влада ќе се обидат да ги задржат позициите.

 

– Вчера ги погледнав последните мерења и анкетите, ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат избори, ќе има предност во пратеници од било која партија во Македонија, опозицијата здружена ќе победи на следните избори кога  и да се случат, затоа власта  бега од избори и сета оваа магла со давањето политичка пензија на Зоран Заев е за задржување на позициите од власта и да сокријат се што правеле досега, со навидум нова влада, со истите луѓе, рече Мисајловски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера побара предвремени парламентарни избори во мај или јуни и формирање на техничка влада во феверуари или март. 

 

 

18.12.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега