Мисајловски: Извештајот на Стејт Депарментот ги нотира криминогеноста, криминалот и корупцијата на власта предизвикани од Заев

Зоран Заев ја има заробено државата, судскиот систем, институциите и целиот општествен апарат. Власта функционира мафијашки, рече денеска на прес конференција Владо Мисајловски.

Извештајот на Стејт Департментот на САД потврдува дека Зоран Заев и неговата влада ја зацементирале Македонија на дното. Се нотира корупција, криминал, поткуп на државни службеници, селективност на правдата и злоупотреба на законските процедури, реагира денска Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беше објавен најновиот извшетај на Стејт департментот во кој се нотира дека власта создава непредвидлива бизнис клима погодна за корупција и дека корупцијата е постојан проблем во Македонија.

-Нашите стратешки партнери нотираат злоупотреба на скратените постапки во Собранието. Тоа е работа против која ВМРО-ДПМНЕ континуирано се бори, но и постојано зборува. Законите не се прават врз основа на праксата и реалните потреби, и често се туркаат низ Собранието со скратени постапки, се вели во извештајот и се додава дека законите на хартија се во ред, но од друга страна не се имплементираат што претставува проблем и за граѓаните и за бизнис заедницата. Според извештајот на Стејт Департментот, иако Македонија има законска регулатива за спречување на злоупотреба на јавните функции и судирот на интереси, но спроведувањето на законите во тој дел е многу слабо и е насочено селективно кон критичарите на власта и ситни прекршители на законите, додека против високи претставници на власта нема ништо – наведува Мисајловски.

Тој додава дека стратешките партнери нотираат и постојани појави на непотизам при јавните набавки, а владата не нуди дополнителна заштита за невладините здруженија кои ја истражуваат корупцијата во нејзините редови.

– Дека власта изгубила допир со реалноста и не работи за народот и бизнисот го нотираат и големите компании присутни во Македонија. Во Извештајот се вели дека голем број на компании кои работат во Македонија, вклучувајќи и неколку американски компании ја идентификувале корупцијата при јавните набавки и во судството како главен проблем. Ова е најнегативниот Извештај што Стејт Департментот го дал за Македонија, ова е сурова реалност која ја живееме со корупција, непотизам и конфликт на интереси при јавни набавки, а секако и огромна селективност во правосудството, се гонат ситни риби, а главните не одговараат. Ова е слика за системот на Заев полн со поткуп и криминал на јавните функционери, со судски систем подлежен на корупција – рече Мисајловски.

24.07.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега