Мисајловски на Ифтар вечера: Да споделиме единство, слога и почит за промени за заедничка иднина

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, денеска присуствуваше на Ифтар вечера во организација на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

-Во организација на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, присуствував на Ифтар вечера заедно со нашите пријатели и сограѓани од муслиманска вероисповед.
Нека овој празник ви донесе добро здравје, душевен мир, спокој, среќа и семејна хармонија.
Да споделиме единство, слога и почит за промени за заедничка иднина, пишува Мисајловски на Фејсбук.

02.04.2024 - 21:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега