Мисајловски: Над 80 отсто од граѓаните се незадоволни од состојбата во правосудството

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој е  носител на листата кандидати за пратеници во Втората изборна единица во гостување на ТВ 21 вечрева  рече дека во Македонија нема правда, туку само криминал и корупција.

– Сакам конечно сите криминалци да завршат таму каде што им е местото. И повторувам одговорност за сите без исклучок. Секој ден слушаме за рекет, за тоа како се организира прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и врз други луѓе кои не размислуваат како оваа власт. Преку 80 проценти од граѓаните се незадоволни токму поради состојбата во оваа област. За тоа се криви сите политичари до сега. И доста зборуваме за оние крупни политички одлуки, обичниот граѓанин не може да заврши обичен процес низ сите оние лавиринти низ правосудството, рече Мисајловски.

Во нивната програма, рече, бараат испитување на потекло на имот на сите политичари и тоа мора веднаш да се направи. Но притоа, рече, да не се заборави дека високата корупција мора да се процесуира низ институциите, но не треба да се заборават граѓаните и нивните проблеми. Според него, власта досега можела многу да направи освен да гони една политичка партија.

Обракајќи се на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, носител на листа на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Мисајловски рече дека СДСМ е на власт, а се однесува како опозиција, прашувајќи го зашто не направиле ништо за овие три години на власт. Мисајловски укажа за да не се грижат граѓаните за иднината треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за да не бидат сведоци повторно на виртуелни проекти. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега