Мисајловски: Не само Филипче, треба да си замине целата Влада

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски при денешната средба со граѓаните од општина Чаир, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира информацијата објавена во списанието Економист дека Македонија се наоѓа на трето место по смртност, како и дали ќе се побара став од Лекарската комора за  видеото кое излезе по медиумите каде се гледа дека министерот за здравство Венко Филипче оперира без заштитна опрема, рече дека по однос на ова Лекарската комора треба да биде најгласна, но и дека власта секојдневно прави огромни скандали, па поради тоа поднеле интерпелација во собранието за Филипче.

– Да апсолутно и добро е Лекарската комора да биде погласна и тоа не го зборувам за да и помогне на ВМРО-ДПМНЕ или на некоја друга политичка партија, бидејќи токму од фелата тие треба да бидат најгласни за сите овие прашања. Убаво кажавте, да се виде едно видео, јас би коментирал вака, секој ден нешто скандалозно и срамно прави оваа влада. Веќе не може да се набројат скандалите дневно што се случуваат. Ние знаете побаравме и оставка во Собранието преку интерпелација за Венко Филипче и тоа е најмалата работа што треба тој како морален чин да ја даде, бидејќи секој ден се случува или некој нов гаф, или некој нов скандал, или некоја нова корупција, поготово во здравството, слушнавте и со вакцините што се правело. Навистина многу проблеми, а од друга страна знаете дека на медицинскиот персонал му беше забрането да користи одмор, да патува надвор, додека дел од владата се во Дубаи, Мексико,  си ги користат своите одмори, уживаат можеби, но здравствениот персонал, работниците во здравството докторите навистина се мачат – вели Мисјаловски.

Тој додаде дека Македонија поминува тешки моменти посочувајќи дека не само Филипче туку и целата влада треба да си замине.

– Македонија поминува тешки мигови,  по смртност сме можеби лидери во регионот и на Балканот и од тоа најмногу се погодени граѓаните. Но, не само тоа. Многу граѓани од страв не може да си ги остварат и другите здравствени прегледи или операции, но поради пандемијата гледате преполни болници, а постојано слушаме од власта дека нешто ќе направат, дека ќе стигнат вакцините во јануари, во февруари, во март, а по се изгледа дека ни во март нема да стигнат и затоа се натрупаа волку проблеми во здравството. Но и насекаде во сите сфери. Затоа прво и основно што треба Венко Филипче да направи е а си замине од функцијата, но мислам дека и цела влада треба да си замине. Тоа е суштинскиот проблем – рече потпретседателот Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега