Мисајловски од Кисела Јабука: Со ова власт можно е да го изгубиме македонскиот јазик и Гоце Делчев да не биде Македонец

Носителот на Изборната единица 2, Владо Мисајловски, денеска во посета на населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров, истакна дека оваа власт не бира средства, со оваа власт можно е да го изгубиме македонскиот јазик и Гоце Делчев да не биде повеќе  Македонец, тoj им заблагодари на граѓаните за нивниот придонес и порача дека е време да се исправат сите неправди.

-Знам дека тука луѓето се храбри и ќе покажат што значи да се сака Македонија , од другата страна имаме партија којашто е на власт и не бира средства како да остане на власт, се што е можно ќе прифати , можно е македонскиот јазик да го изгубиме, Гоце Делчев да не биде Македонец, единствен спас е гласот за обнова, посочи Мисајловски.

Тој им порача на присутните жители да го рашират гласот за обнова, да излезат да гласаат на изборите, затоа што ова е единствена шанса да се исправи Македонија.

-Јас сум тука дома, ве чувствувам како фамилија, како едно големосемејство, ова  патриотско население тука кое си ја сака Македонија, имаше доста искушенија овие години, но сега е време да издвоиме една голема победа за обнова на Македонија, вели Мисајловски.

Тој срдечно им заблагодари на граѓаните со аплауз за нивната поддршка и за локалните избори и за претседателските избори, и за се она што го имаат направено и што го прават за Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега