Мисајловски: Се обврзуваме на повеќе средства во културата и уметноста

Во ова време баш во ек на пандемија кога народот за жал е оставен во границите на Македонија добро е да си ги посетиме овие убави места насекаде во Македонија, а во изборна единица два има многу такви прекрасни места. Затоа ги повикувам граѓаните да ја сакаат Македонија да ги сакаат овие прекрасни места бидејќи набрзо ќе има многу проекти не само за Бутел за Ѓорче Петров не само за Куманово не само за Чаир, туку насекаде низ изборната единица 2 туку насекаде низ Македонија, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2 денеска во Бутел.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и гласаат за број 14 и обновата на Македонија, со што и се обврза на повеќе средства од буџетот за културата и културните наследства на Македонија.

– Имам можност повторно да бидам тука во Бутел да разговарам со многу пријатели, со познаници да го прошириме гласот за обнова на Македонија. Денеска сум исто така на убаво место каде што позади мене можете да видите се наоѓа и манастирот Св. Никола место каде што навистина секој еден човек треба да дојде и да го посети, место каде што треба и министерството за култура се разбира и државата да одвои повеќе средства. Вакви убавини има не само во Бутел, туку и насекаде во Македонија затоа е потребно да стигне обновата на Македонија за да има обнова во културата да има обнова во уметноста а јас често пати велам да има и обнова на семејните вредности на традицијата на она исконското да не заборавиме од каде сме и каде припаѓаме и да не ги заборавиме овие прекрасни убавини што се не само позади мене туку и насекаде во Македонија, нагласи Мисајловски

Тој истакна дека затоа е важно на овие избори да се излезе и да се даде довербата за обнова на Македонија, да се даде довербата за коалицијата за обнова за Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега