Мисајловски: Сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат нивната поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во Изборната единица 2, Владо Мисајловски ги повика граѓаните од Старо Нагоричане да гласаат за нивниот кандаидат за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова.

-Најважно од се за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно.  Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина, вели Мисајловски.

07.04.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега