Мислела дека мажот повеќе го сака детето отколку неа, па зграбил нож - Украинка крвнички си го убила бебето

Украинка го пресекла вратот на своето бебе, ќерка стара само 3 недели во налет на бес и љубомора, бидејќи мислела дека нејзиниот сопруг го сака бебето повеќе од неа.

21-годишната мајка чиј идентитет не е соопштен во јавноста, кога нејзиниот сопруг излегол од дома, ја нападнала својата ќерка. Кога сопругот се вратил дома бидел само дека нејзините раце се прекриени со крв, а потоа влегол во спалната соба, каде ја видел својата ќерка како лежи мртва. Шокираниот татко веднаш повикал брза помош.

Неговата мајка, Мариа Мамот рекла: „Тој излегол на неколку минути, а таа го зграбила кујнскиот нож и му го пресекла вратот на детето“.

Полицијата го пронашла оружјето кое го користела мајката, во мијалникот, Ножот бил прекриен со крв од детето.

Портпаролот Антон Крук потврдил дека детето починало од рани нанесени во пределот на вратот.

Мајката не можела да објасни зошто го сторила тоа, но не можела ниту да се сети што правела тој ден.

Познато е дека осомничената боледувала од воспаление на мозкот. Се смета дека болеста влијае врз нејзиното ментално здравје, а наводно и се лекувала.

Отпуштена е од психијатриската установа на 3. март набрзо после породувањето, бидејќи лекарите сметале дека е здрава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега