Мислевте дека лимонот има најмногу витамин Ц, но грешите - овие намирници се витаминска бомба

Пиперката е број еден кога станува збор за изобилство на витамин Ц. Во 100 грама црвена и жолта пиперка има 190 милиграми витамин Ц, што е речиси четири пати повеќе отколку во портокалите.

Многумина го поврзуваат витаминот Ц со цитрусните овошја, но овој важен витамин се крие и во некои други намирници, и тоа во многу поголеми количини отколку што би очекувале. Откријте кои овошја и зеленчуци имаат повеќе витамин Ц од цитрусите – ќе бидете изненадени!

Црвена и жолта пиперка

Пиперката е број еден кога станува збор за изобилство на витамин Ц. Во 100 грама црвена и жолта пиперка има 190 милиграми витамин Ц, што е речиси четири пати повеќе отколку во портокалите.

Брокула

Брокулата е богата со различни хранливи состојки, но и со витамин Ц. Само 100 грама брокула се доволни за во организмот да внесете околу 90 милиграми витамин Ц.

Кељ

Ова е вистински извор на здравата храна. Кељот е богат со витамини А и Ц, а кога станува збор за витаминот Ц, на само 67 грама кељ има дури 80.4 милиграми од овој витамин. Во народната медицина, свежи листови од кељ се ставаат на болните зглобови и чиреви, а сокот од овој зеленчук се препорачува за личностите кои патат од стомачни тегоби.

Киви

Уште едно „кисело“ овошје кое е одличен извор на витамин Ц. Покрај тоа, кивите се богати со витамин К, Е, калиум и бакар. Истражувачите докажале дека кивите ја штитат нашата ДНК од оксидативен стрес.

Карфиол

Карфиолот може да се јаде свеж или како додаток во салата или јадењето, а во својата исхрана би требало да го сместите затоа што на 100 грама карфиол, има дури 70 милиграми витамин Ц.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега