Мислевте дека омикрон е последниот сој - шефот на СЗО има лоши вести

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхамон Гебрејесус, изјавил дека би било опасно да се помисли дека многу заразниот омикрон сој е последниот кој ќе се појави во светот и дека тоа е кочницата на пандемијата и оценил дека моменталните услови се идеални за појава на уште соеви.

Меѓутоа, Гебрејесус додал дека е можно оваа година да дојде до крајот на акутната фаза на пандемијата, каде ковид претставува глобална здравствена ургентна закана, под услов стратегиите и помагалата како што се тестови и вакцини да се искористат на вистински начин.

Зборувајќи на отворањето на состанокот на извршното тело, Тедрос рекол дека омикрон сојот е откриен пред речиси 10 недели, а дека од тогаш во светот се забележани 80 милиони случаи, повеќе отколку во цела 2020-та година.

„Условите се идеални за појава на уште соеви“, додал тој.

Тедрос истакнал дека можеме да ставиме крај на ковид-19 како глобална здравствена вонредна ситуација и дека тоа можеме да го направиме оваа година, така што ќе ги исполниме целите како вакцинација на 70 проценти од населението до средината на оваа година.

„Вистина е дека ќе живееме со ковид-19 во догледна иднина и дека ќе мораме да научиме да управуваме со него преку одрлжив и интегриран систем за акутни респираторни болести за да можеме да се подготвиме за идните пандемии“, рекол Тедрос.

„Но, учењето да живееме со ковид-19 не може да значи дека го пуштаме овој вирус слободно да циркулира. Тоа не може да значи дека прифаќаме речиси 50.000 смртни случаи неделно од болест која може да се спречи и лечи“, истакнал тој.

25.01.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега