Мистерија која го „здрмала“ Балканот: Кога Марадона го посетил гробот на Дражен Петровиќ, однел точно 62 ружи

Диего Армандо Марадона беше еден од најдобрите фудбалери во историјата, што не го спречувало да се познава со многу други спортски великани.

Меѓу нив бил и еден кошаркар од Балканот, Дражен Петровиќ, еден од најдобрите југословенски кошаркари на сите времиња.

Петровиќ почина во сообраќајна несреќа во 1993-та година, а целата таа ситуација го погодила и Марадона кој што тогаш бил во центарот на вниманието во фудбалскиот свет.

Неколку денови пред првата годишница од смрт на Дражен Петровиќ, Диего Армандо Марадона отишол во Загреб за да му оддаде почит на големиот кошаркар.

На гробот од Дражен Петровиќ тој пошол облечен во дрес од репрезентацијата на Аргентина со бројот 10, но исто така однел и точно 62 ружи за кои што подоцна ја открил симболиката.

Аргентинскиот фудбалер раскажал дека еден од најдобрите кошаркарски натпревари кои што ги одиграл Дражен бил тој во дресот на Реал Мадрид во кој што постигнал 62 поени. Поради тоа тој на неговиот гроб однел 62 ружи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа