Митева: Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа

Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Според сумираната оценка Македонија има пад од 87 на 95 место, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Посочи дека ако минатогодишното рангирање мислевме дека е историски најлошото со скор од 35 поени, Транспаренси интернешнал потврди, Македонија и годинава нема отскокнување, за жал останува во групата најкорумпирани држави во Европа.

-Застрашувачки е фактот дека Македонија е во црвената зона со висока корупција и патем го дели 87-то место со уште осум земји како Косово, Етиопија, Колумбија, Мороко, Танзанија и Виетнам.

За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој ја уништи правдата преку инсталирање на корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДСМ. Оваа влада на СДСМ го развива криминалот наместо да се бори против тоа веќе години наназад.

Во извештајот се посочува дека концентрацијата на моќ е во рацете на автократските лидери и нивните партии кои ја поткопуваат судската независност, што помага да се одржи заробувањето на државата.

А за иронијата да биде поголема, ова рангирање се случува за период додека во владата на СДСМ имаше именуван вицепремиер задолжен за борба против корупцијата.

На овој извештај му соодвествуваат фактите дека Македонија е заробена држава, да потсетиме на пасошите за светските криминалци, да потсетиме дека МВР нема ниту една акција за сузбивање на криминалот, да потсетиме дека системот функционира врз принципот на мито и корупција и дека правдата е селективна, а не еднаква за сите граѓани, вели Митева.

26.01.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега