Митева: Оставка од Филипче – без заштитна опрема влезе во операциона сала

Бележиме непрекинати скандали, но одговор од надлежните никогаш нема да слушнеме, истакна вечерва во „Коментар на денот“ Марија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, власта мудро молчи за скандалите кои ги објавуваат медиумите.

-Мудро молчат, се надеваат дека ќе престанеме гласно да ја зборуваме вистината. Но, со сигурност погрешиле. Ќе ве повикуваме, ќе ја бараме одговорноста се додека не ја добиеме. Додека продолжува хаосот во здравството, министерот за здравство лично ги прекршува сите протоколи. Видеото каде Венко се наоѓа во операциона сала без никаква заштита на него се обидуваат да го игнорираат, како тоа никогаш да не се случило. Кога ќе се одважи министерот пред се да даде одговор кога и зошто тоа се случило, а најпосле да понесе одговорност за истото. Ова е вашето вистинско лице и ова е начинот на кој го рушите системот, вели Митева.

Потенира дека ситуацијата е алармантна веќе подолг период.

-Игнорантскиот однос нема никаде да ве однесе, напротив се е тоа на вашиот грб и ден во ден само повеќе и повеќе ви тежи. Ситуацијата е алармантна подолг период наназад, а вие секојдневно директно ја влошувате. Време е да застанете со дневната политика, време е за одговорност и оставки, рече Митева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега