Митева: Оставката е повеќе од очекувана и неминовна за министерката Мила Царовска

Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е “добивањето лозинки” да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно, што се тоа го кажувате со насмевка на лицето, истакна денеска на прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, 80.000 ученици немаат услови за следење на онлајн настава, МОН нуди 15-минутни видеа од наставните часови на МРТ.

-Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување! Имате бојкот на онлајн наставата во повеќе од 7 градови, старите и руинирани училишни објекти се поле за истражување, платформата ви е нефункционална, еве вчера и официјалната страна на Министерството беше нефункционална! Непотребно не убедувате, велите во НАЈГОЛЕМ ДЕЛ од училиштата во државата е започната онлајн наставата. А што е со останатите кои воопшто не започнаа? Не сме изненадени! Факт е дека следи уште едно оправдување, за кое повторно ќе кажете: “Учебната година започна организирано, предизвиците ќе се надминат”, рече Митева.

Вели дека целодневно настава сѐ уште нема, а МОН тврди оти организацијата на целодневната е во надлежност на училиштата.

-Почитувана министерке, за секој еден проблем ја префрлувате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна, рече Митева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега