Митева: Половина милион евра се потрошени залудно поради неспособноста на МОН
МОН потрошило над половина милион евра за печатење на скрипти за еднократна употреба, пари од Светска банка, за да ја покрие својата неспособност, навремено да испечати учебници за основците. Од документот на Светска банка се гледа дека над половина милион евра пари се употребени за печатење на скрипти за еднократна употреба. Иако Министерството за образование има пари во буџетот кои се предвидени за печатење на учебници за подолг временски период и кои треба да опслужуваат повеќе генерации, сепак и оваа година владата на СДС задоцни со печатење на учебниците и беше ставен под знак прашалник почетокот на учебната година, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева вели дека МОН потрошило над половина милион евра за печатење на скрипти од 100-тина страници за еднократна употреба.
„За да не излезе на виделина неспособноста на власта, која не успеала навреме да испечати учебници со средствата кои патем се предвидени во буџетот, тие користат средствата од проектот на Светска банка за Унапредување на основното образование, и трошат над половина милион евра за печатење на скрипти од 100тина страници за еднократна употреба од неколку месеци. Ова се пари кои немало да бидат потрошени, доколку власта навреме извршила подготовка и печатење на учебниците за кои веќе има предвидено пари во буџетот. Овие над половина милион евра можеле да се искористат за подготовка, печатење и дистрибуција на друг учебен материјал или помагала, кои ќе служеле за повеќе генерации. Власта не се однесува домаќински и грижливо ниту со парите на македонските граѓани кои патем доаѓаат преку буџетот, ниту со парите кои ги добиваат како помош, или грант или проект од странски организации како што е и случајот со парите од Светската банка.Одговорност за доцнењето со печатењето на учебниците, мора да има. Доколку власта навреме си ја вршеше работата над половина милион евра, пари од Светската банка ќе можеа да се наменат на долгорочен развој на образованието“, кажа таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа