Митева: Проблемот со Бугарија го создаде Зоран Заев

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели дека проблемот со Бугарија го создалпремиерот Зоран Заев, појаснувајќи дека тој проблем не постоеше пред склучувањето на Договорот за добрососедство.

-Жалам што изминативе години, изминатиов период  постојано некако како да предвидувавме што ќе се случи како ВМРО-ДПМНЕ и алармиравме дека со Заев патот кон Европската Унија е недостижен. Колку и да се обидува да бара оправдување, да секогаш прстот го вперува кон другата страна, никогаш кон себе, свесни сме и граѓаните на Република Македонија се свесни дека проблемот со Република Бугарија го создаде Зоран Заев и дека тој проблем не постоеше пред склучување на овој Договор за добрососедство и дека со владеењето на Зоран Заев не само договорот со Бугарија туку и апсолутно немањето на реформи во Република Македонија беше некако за жал очекувано дека нема да го добиеме датумот за преговори со ЕУ, рече Митева.

Според неа, најмалку што може да направи Владата по вчерашниот дебакл е да си поднесе оставка.

 -После еден ваков дебакал на власта најмалку што можат да направат е да поднесат оставка, а ако добро и се сеќавам уште пред 3 години Зоран Заев најави дека доколку не се добие датумот за преговори со Европската Унија тој ќе поднесе оставка, кажа таа.

Вели дека Заев денеска потврдил оти дал некаков предлог до Бугарија.

-Она кое мене ме загрижува и она шо јас денеска го видов во медиумите е потврда дека на 17 јуни дал некаков предлог до Република Бугарија  за она кое ние зборувавме дека има предлог, а владата  напразно се обидуваше да демантира дека не постои никаков патоказ, дека не сме дале никакви други гаранции за идентитетот и за јазикот, но еве гледаме дека тој го потврди истото и имаа соопштение дека Заев дал ненаков предлог, додаде таа.

23.06.2021 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега