Митева: ВМРО-ДПМНЕ е народот на Македонија

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во својата изјавата за телевизија Алсат М говореше за случајот „Талир2“ односно кој е коментарот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на овој случај. Митева во врска со тоа потенцира дека со овој случај  власта прави брутален притисок врз партијата која оди во нагорна линија и која на следните избори ќе ја предводи идната влада на Република Македонија.
-Ова е уште еден доказ за бруталниот притисок кој што власта го врши врз една политичка партија која што оди во нагорна линија и која што на следните предвремени избори ќе ја предводи идната влада на Македонија. Ова е уште еден доказ дека судството мора да биде ослободено и дека мора да се почитува словото на законите. Во не така далечно минато бевме сведоци на еден премиер кој што нарачуваше судски пресуди како што беше случајот со Зоран Заев. Во однос на ставот на претседателот Мицкоски можам да потврдам дека останува непроменет, дека правдата мора да биде неселективна и треба да важи подеднакво за сите, рече таа.

Митева порача дека колку и власта на СДСМ сака да направи штета на ВМРО-ДПМНЕ, нема да можат затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народот на Македонија.

-Но, доколку власта цени дека со ова ќе направи штета на ВМРО-ДПМНЕ, можам да им порачам  дека ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, ВМРО-ДПМНЕ е народот на Македонија, додаде Митева.

 

06.06.2022 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега