Митрески: Едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот

За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.ж, кажа на денешната прес-конференција Јован Митрески носител на листата ЕИ5 на СДСМ.

„Направивме многу но можеме уште повеќе, уште подобро.

Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%,

Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.

2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

600 милиони евра поддршка за домашни и странски инвестиции

Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот.

Разликата е јасна.

Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните

На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец.

Затоа што заедно со вас, заедно со граѓаните можеме уште повеќе, уште подобро“, кажа Митрески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега