Митрески: Македонскиот јазик и идентитет се факт- нема потреба за тоа да расправа Комисија во Собранието

На прашање дали Митрески ќе присуствува на Комисијата за надворешна политика,која претседателот Антонио Милошоски за во четврток повторно ја закажа, Митрески вели дека станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност.

„Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог Дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе  ја повторам истата.

Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието?! “ порача Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега