Митрески: Нема да дозволиме ултиматуми и уцени од опозицијата – собраниските тела ќе ги формираме идната недела

Нема да дозволиме уцени од опозицијата, а телата во Собранието ќе бидат формирани идната недела, вели во изјава за Сител координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Јован Митрески.

„Најостро го демантирам таквиот спин од опозицијата. Станува збор за 21 комисија, по 8 имаме ние и ВМРО-ДПМНЕ, 3 ДУИ и 2 Алијанса и Алтернатива. Таа одлука се носи со консензус меѓу сите пратенички групи, но тоа не значи дека ќе дозволиме уцени и ултиматуми од опозицијата со крајна цела, блокада на Собранието. Очекувам дека ќе најдеме заеднички јазик во текот на следната недела за да го затвориме и ова битно прашање за функционирањето на Собранието“ – вели Митрески за Сител.

Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски изрази загриженост што во време на епидемијата на корона вирусот Собранието не е функционално. 

Во Алијансата за Албанците како причина за тоа го гледаат фактот што мнозинството во законодавниот дом не е функционално а власта не може да обезбеди кворум за нормално работење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега