Митрески: СДСМ покажа како вистиски се грижи за сите граѓани

СДСМ изминатите три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, од друга страна  ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, порача денеска Јован Митрески носител во ИЕ 5 од Коалицијата Можеме предводена од СДСМ.
 
Наместо да им помага на најранливите категории граѓани, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулирала со социјалната помош, ја држела на недостоинствен минимум и ја злоупотребувала во партиски цели пред избори.За три години, како што рече, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.
 
-Продолжуваме да се грижиме уште повеќе и уште подобро. Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. Се обврзавме дека ќе ги враќаме парите кај граѓаните, тоа го продолживме и во време на криза со коронавирусот. 28 милиони евра враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам, рече Митрески.
 
Тој додава дека се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и оти покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.
 
-Градиме држава која е праведна и правна за сите. Ги намаливме нотарските и трошоците за извршители, целосно укинавме 11 ставки за трошоци за извршување. Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните. Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување. Разликата е јасна и очигледна. СДСМ се грижи за сите и враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и зема пари од граѓаните, рече Митрески..
 
Тој е уверен дека заради сето ова на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не, како што рече, за обнова на режимот кој им ги крадеше парите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа