Мизрахи: Не постои поморбидна смрт од жив човек да изгори

„Не постои поморбидна смрт од жив човек да изгори“, истакна Рашела Мизрахи од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Постојаната анкетна комисија која не отвори расправа за несреќите на Беса транс и на модуларната болница бидејќи не присуствуваа пратениците од владејачката коалиција.

Таа кажа дека неприсуството на мнозинството пратеници не одело никому в прилог.

– Не постои по морбидна смрт од жив човек да изгори. Да, ние не сме истражен орган, но до денес не слушнавме што се случи со двете несреќи. Морбидноста се преселува и во Собранието бидејќи мнозинството не најде можност да дојде и да расправаме за тоа. Ќе ја стивнете Анкетната комисија за никогаш да не се дознае што се случи со двете несреќи, рече Мизрахи.

Фадил Зендели од Беса истакна дека двете несреќи се прашања што не допираат длабоко во нашите срца, но и во работата на институциите. Тој ја обвини власта дека таа бојкотира но и дека бега од одговорност.

09.06.2022 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега