Мизрахи: Оставката на Филипче е изнудена, потребна е кривична одговорност (ВИДЕО)

Оставката на Венко Филипче е изнудена, потребна е кривична одговорност која ќе даде одговор за пропустите за работењето на болницaта, изјави Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, оставката на Филипче не е морална одговорност туку е изнудена. Според неа, ако Филипче чувствувал морална одговорност ќе дал оставка уште првиот ден по несреќата.

„Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи. Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани“, рече Мизрахи.

Според неа, потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана.

„Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи. Каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците? Како се градени модуларните болници? Со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и дали болниците имаат употребна дозвола? Зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат? Зошто роднини на болни биле во болницата и дали се работи за недостаток на медицински персонал наспроти уверувањата на Филипче и Заев во текот на целата здравствена криза дека се под контрола и дека институциите имаат сопствен капацитет во справувањето со предизвиците“, рече Мизрахи.

Одговорите на овие прашања, додаде таа, треба да ги даде објективна истрага, а таа не е можна додека оставка не си дадат Венко Филипче, Артан Груби и Зоран Заев.

11.09.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега