Млад крушевчанец почина од Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се вкупно 12 починати лица меѓу кои најмладиот имал само 37 години, а оздравени 333 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Од починатите 12: од Скопје се шест (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега