Младенци во Бејрут се фотографираа за свадба и наеднаш следеша експлозија: За еден момент настана хаос (ВИДЕО)

Страшна експлозија се случи во вторникот во Бејрут, главниот град на Либан. Најмалку 154 луѓе загинаа, а повеќе од 5000 беа повредени.

Овој настан го шокираше целиот свет, а снимките не престануваат да кружат на социјалните мрежи.

Така се појави видео од една млада двојка која се фотографираше за нивната свадба.

Тие стоеја прегрнати, гледајќи се вљубено, а потоа следуваше експлозија и сè почна да се распаѓа. Моменти пред експлозијата на нивните лица можеше да се види конфузија и загриженост бидејќи не знаеја што се случува.

Сè околу нив беше исполнето со чад и прашина, а парчиња стакло од искршените прозорци и излозите летаа насекаде. Настана хаос!

Во меѓувреме, либанскиот претседател Мишел Аун рече дека инспекторите ја испитуваат можноста странски фактор да има влијание врз експлозијата во Бејрут.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега