Младеновска: Скоро 50% од децата во градинките во Скопје не се вакцинирани со ДиТеПер


Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска денес информираше дека скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани. 

 ДСЗИ, како што рече, ги контролира и приватните градинки.

Фактот што околу 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно, како што оцени, е поразувачки. Податоците се од списоците што биле доставени вчера до ДСЗИ од градинките, а акцијата ќе продолжи. 

Од вчера ДСЗИ врши надзори низ градинките и издава решение за забрана за примање деца кои се невакцинирани или нецелосно против пертусис.

-Директорите ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат, а за тоа ќе провериме во текот на денов и во наредните денови, рече Младеновска.

Мајка на шестгодишно дете од општината Карпош за МИА изјави дека утрово од градинка во оваа скопска општина, биле враќани деца кои не биле целосно вакцинирани против пертусис (голема кашлица).

12.03.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега