„Млади локално заедно“ во Бутел: Градиме квалитетни политики за младите, за нашите врсници да останат дома

Караванот „Млади локално заедно“ на СДММ  денеска на работна среда со младите од ЛК Бутел, ЛК Чаир, ЛК Шуто Оризари и ЛК Чучер Сандево.  

Трибината ја отвори претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, ги поздрави присутните и им порача дека сега е нивното време за дејствување. 

Ние сме сега во првиот ред на борбениците за подобро утре, за нас младите, за нашите другари и врсници. Нашиот глас е нашата најмоќна алатка која ќе ни овозможи остварување на плановите и замислите кои ги имаме за општините во кои живееме. Подобрувајќи го функционирањето на секоја општина, ќе ја промениме и подобриме и генералната слика за системите во цела земја. Без ограничувања во идеите, предлозите, мислите ќе ја креираме најдобрата понуда за овие локални избори каде ќе настапиме со своја младинска програма, рече Михаилоски.

СДММ како најбројна партиска младинска организација, во периодот на владеењето на својата матична партија, СДСМ, се избори за донесување на Законот за млади; за донесување на мерката за субвенционирање на трошоците за храна на секој редовен студент како и за значајното покачување на студентските стипендии и е во процес на реализација на уште неколку иницијативи кои ќе допринесат за подобри услови за живот на младите во земјава.

27.07.2021 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега