Младиот македонски пејач позитивен на Ковид 19: „Животот е непредвидлив“

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на ковид – 19, пренесува „Пулсинфо“.

Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал максимално што може.

Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега.

– Да, вистина е дека сум позитивен на ковид – 19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитвен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам – вели Здравквоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега