Младо момче приведено во Штип

 

Уапсен 24- годишен штипјанец откако 80- годишник пријавил провала и обид за грабеж во својата куќа.

Според пријавеното, синоќа од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип во 00.30 часот на ул. „Партизанска“ во Штип бил лишен од слобода С.Т.(24) од Штип, поради основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба во обид“, во куќа во с.Долни Балван, штипско.

Полициските службеници постапувале по пријава добиена во 00.10 часот, од страна на М.Т.(80) од с.Долни Балван, според која едно лице насилно влегло во неговиот дом во с.Долни Балван.

По комплетирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега