Младо момче тешко повредено- паднало со мотор на скопска обиколница
На скопската обиколница, во близина на клучка Смилковци, вчера попладне мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(22) од Скопје, паднал на коловозот.
-Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
21.10.2020 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа