Младоженец во САД на денот на венчавката застрелал две лица

Младоженецот од Луизиана е уапсен пред првата брачна ноч откако застралал две лица, објави полицијата.

До инцидентот дошло за време на викендот додека младоженецот, Дејвид Џонс и неговата нова сопруга заглавиле во сообраќајкот во близна на Њу Орлеанс, пишува „NBC News“.

Џонс ја обвинил својата жена и пријателот кој бил со нив во автомобилот дека имале афера. Го избркал мажот од автомобилот и почнал да пука. Притоа мажот го погодил во нога. Еден куршум поминал низ задното стакло од возилото и погодил уште едно лице во рака.

Двете жртви се однесени во болница и не се во смртна опасност.

Невестата во текот н апукањето излегла од автомобилот и трчала кон болничарите кои биле во близина поради неповрзана сообраќајна несреќа. Рекла дека се плаши од својот сопруг и тие и дозволиле да се смести во возилото на брзата помош.

Џонс набрзо дошол до возилото на брзата помош и почнал да лупа по вратите, но го фатила полицијата. Кога бил уапсен, се уште го носел костимот од венчавката.

 

03.08.2021 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега