Мнозинството Јапонци не сакаат да се одржат Олимписките игри

Во Јапонија 59,7 проценти од луѓето сметаат дека Олимписките и параолимписките игри во Токио во текот на летото треба да бидат откажани. Тоа го покажуваат резултатите од дводневното национално телефонско истражување објавено денеска.

Околу 25,2 проценти од испитаниците се со став дека ОИ треба да се одржат, но без гледачи, а 12,6 проценти се за одржување на игрите со ограничен број публика.

Резултатите од анкетата одразуваат голем скептицизам во општеството за двата спортски настана, кои беа одложени од минатата година, поради пандемијата. Сепак, сега, три месеци пред отворањето на ОИ, бројот на заразени продолжува да се зголемува, а кампањата за вакцинација е многу бавна, јавија медиумите во Токио.

 

Околу 80 проценти од анкетираните рекле дека вакцинирањето е бавно, а над 71 процент не се задоволни од работата на владата за справување со ширењето на инфекцијата. Одобрението за владата на премиерот Јошихиде Суга беше 41,1 процент, за разлика од 44,0 според претходното истражување во април, а неодобрувањето се зголеми од 36,1 на 47,3 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега