МНР: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во заштитата и промовирањето на интересите на државата

Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева,  поранешна министерка за надворешни работи, информира МНР.

– Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека за време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија.

– Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените. Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, се додава во соопштението.

01.08.2022 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега