МНР: Некои држави не се адаптираат, најбезбедно е граѓаните да НЕ патуваат со истечени пасоши

МНР испрати известувања до сите држави за продолжениот рок на пасошите чиј рок на важење е истечен (односно кој истекува по 31 јули 2020 година), но и покрај тоа дел од државите не прифаќаат овие патни исправи да ги сметаат за валидни.

Поради двоумењето кај граѓаните, кои не се сигурни дали е паметно да патуваат со вакви документи, „А1он“ побарале одговор од МНР.

„За жал, и покрај сите напори што Министерството за надворешни работи постојано ги вложува, сепак има држави што потешко се адаптираат на овие промени и ваквите исправи не ги третираат во целост соодветно со измените на законот. Затоа, ги информираме сите граѓани дека најсигурниот начин за патување во  странство е со патна исправа на која не ѝ е истечен рокот на важење – се наведува во одговорот од МНР.

Од Министерството не објасуваат кои се земјите што не ги прифатиле нашите законски измени, но ги повикуваат сите граѓани што живеат на територијата на Република Македонија да се  обратат навремено до Министерство за внатрешни работи како единствена надлежна  институција за издавање патни исправи во земјата и да побараат навремено издавање  соодветни патни исправи како единствен сигурен начин за патување во странство.

06.07.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега