МНР потврди: Османи ќе присуствува утре на седницата во Собрание

Министерството за надврешни работи потврди дека министерот Бујар Османи ќе присуствува на утрешната седница на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

-Утре министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски, соопшти МНР.

Денеска се појавија дилеми дали тој воопшто ќе биде присутен со оглед на тоа што два дена по ред на настани на кој е најавен, наместо Османи присуствува неговата заменичка Фатмире Исаки. Претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски зад камерите денеска рече дека доколку Османи не се појави, тој ќе ја одложи седницата.

27.01.2022 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа