МО: Селекцијата на професионални војници не дозволува какви било партиски влијанија

Во врска со натписите во некои портали, а се однесуваат на објава на фејсбук профил на општинската организација Арачаиново на политичката партија СДСМ ве информираме дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат било какви партиски или друг вид на влијание. Оваа порака ја испраќаат во соопштение од Министерството за одбрана, а доаѓа по објавата на СДСМ Арачиново, во која беше потенцирано сите кандидати за професионални војници да се обратат во партискиот штаб.

„Во Армијата на Република Северна Македонија војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени!

Ги охрабруваме сите граѓани заинтересирани да аплицираат без разлика на верска, национална, партиска или било каква друга припадност. Истовремено ги повикуваме политичките партии да се воздржат од било какви притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата. Армијата и служи на државата, а не на партиите“, се наведува во соопштението на МО.

27.09.2022 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега