Момче било пронајдено во стомакот на кродоил - го барале 6 дена, па го распарале стомакот на животното

Остатоците од едно малезиско момче биле пронајдени во телото на крокодил, а се верува дека било изедено пред 6 дена.

14-годишниот Рики Ганиј бил нападнат пред неколку дена додека барал полжави во близина на река во Малезија. Крокодилот го повлекол момчето под вода откако излегол од река и го фатил за нога.

Спасувачи го фатиле рептило долг 4 ипол метри, околу 3 километри подалеку од местото од кое исчезнало момчето.

Момчето исчезнало на 26. јули и семејството тоа го пријавило, меѓутоа, неговата тетка рекла дека видела дека крокодил го одвлекол под вода. Крокодилот бил фатен на 31. јули и бил отворен пред семејството на тинејџерот и полицијата.

Полицијата објаснила дека во телото на животното биле пронајдени остатоци од облеката и делови од телото на момчето, кои биле испратени на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега