Момче од Австралија почина на сопствената веридба- семејството и гостите во шок

Млад човек од Австралија искрварил до смрт додека ја прославувал својата свршувачка пред семејството и пријателите.

Лијам Тример во неделата ја прославувал свршувачката со својата свршеница во Западна Австралија кога паднал и ја пресекол каротидната артерија на вратот, објавија локалните медиуми.

Каротидните артерии се главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв.

Семејството и пријателите, кои присуствувале на забавата, направиле сѐ за да му го спасат животот, но за жал тој починал пред да пристигне брзата помош.

Отворена е истрага, пренесува Sky news.

Тример емигрирал од Британија во Австралија во 2013 година, а подоцна дипломирал на полициската академија.

Кол Бланч, полициски комесар во Западна Австралија, изјави за радио станица во Перт дека било направено сè за да се спаси.

„Знам дека сите вклучени се навистина, навистина повредени. Мислам дека сакаат да се разбудат од овој кошмар“, рече тој.

Тој го опиша младиот човек како многу самоуверен, способен млад човек кој го имал целиот живот пред себе.

12.03.2024 - 20:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега