МОН: Он- лајн или во училница, школската година не започнува пред 15-ти септември

Он- лајн или во училница – школската година нема да почне пред 15 септември. Законот за основно и за средно образование морат да се сменат без разлика што ќе биде конечната одлука – велат од МОН, за Телма„.

Последниот предлог на комисијата за заразни болести кој вчера бил испратен до кризниот штаб на министерството е најмалите од прво до трето одделение да седат во училишните клупи, а од погорните одделенија да ги слушаат лекциите од дома.

Роковите течат, на ред е Владата која треба да ги прифати барањата кои ќе ги спремат МОН и комисијата, но без собрание не можат да се променат законите кои беа донесени годинава, а се важни затоа што со нив се одредува колку ќе траат часовите, дистанца помеѓу клупите во една училна, старт на учебната година онлајн.

Од министерствопак  со став дека наставниците мора да се вратат на своите работни места – без разлика дали во училниците ќе има ученици или само компјутер преку ќе имк предаваат на учениците додека тие се дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа