МОН се пофали: Го интернзивираме делењето на учебници - денеска книги за децата во Лопате, Чекрезе и Боговиње

Учениците во Лопате, Чекрезе, Сарај и Боговиње денеска ќе добијат учебници информираше Министерството за образование во соопштението со кое се пофали дека ја интензивира дистрибуцијата на учебниците кои всушност требаше да ги подели пред 1 септември.

Станува збор за учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. 

Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино.
И натаму голем дел од основците се без никакви наставни материјали имајќи предвид дека оние скрипти кои Министерството за образование ги печатеше на почетокот на годината веќе се исцрпени, односно изучен е целиот материјал од нив, па сега, наставниците се снаоѓаат како знаат и умеат и без книги им предаваат на учебниците. Министерството за образование првично најави дека во текот на ноември ќе ги дистрибуира книгите но ноември помина, а еве на почетокот на декември се уште најголем дел од децата немаат книги за на училиште

02.12.2022 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега