Монструм: Ја врзал мајката и ја натерал да ги слуша криците додека ѝ ги силува децата

Серискиот силувач Џозеф Мекан вчера беше осуден на 33 доживотни казни затвор.

Судијата го нарече Мекан „кукавица, силеџија и педофил“ кога ја читаше пресудата, пишува лондонската полиција.

„Никогаш не искажавте жалење за тоа што сте им направиле на жртвите. Вие сте целосно опседнати со себе и верувате дека имате право да користите други луѓе како што сметате за соодветно. Мислите дека тие постојат само за ваше задоволство“, рече судијата Едис.

„Вие сте класичен психопат; не мислам дека некогаш ќе престанете да бидете опасни“, додаде тој.

Едис го осуди Мекан на 33 доживотни казни. Исто така, тој беше осуден на три 10-годишни казни и една казна од 14 години, кои ќе ги одлежи истовремено со  33 доживотни казни.

Инаку , за време на судењето на Џозеф Мекан, се дознало дека тој ја врзал мајката на две деца и ја принудил да ги слуша криците на нејзината ќерка и син додека ги силувал и двајцата.

Неколку часа подоцна, МекКан, наводно, фатил 71-годишна жена  и девојче на возраст од само 13 години и сексуално ги злоставувал.

Мекен, од Хароу, северен Лондон, се приближил до полицијата по оваа исповед и рече: „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите не би се случиле“.

Мекан (34) е осуден за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги изврши овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

За време на судењето, јавноста дозна дека Мекан бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тој се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген, а потоа ја одвезол кон нејзиниот дом. Кога стигнале таму, тој ја врзал за креветот со жица.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и скокнала гола низ прозорецот и повика полиција од кај соседите.

Потоа Мекан го напуштила нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71 година, и ја принудил да го вози наоколу автомобилот додека барал нова жртва. Потоа, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го земе воланот додека сексуално злоставувал тинејџерка.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондоми, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, го удрил своето возило во друг автомобил, излегол од возилото и почнал да бега, но набргу бил фатен и уапсен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега