Морачанин: ДОМ нема да гласа за пад на Владата

Премиерот Зоран Заев презеде одговорност и најави дека се повлекува, тој беше дециден дека поднесува оставка и очекувам дека тоа ќе се случи, а подоцна да се реализира во Собранието, вака е неодржливо, не течат процесите има и притисок од опозицијата и тоа не е во интрес на државата и граѓаните, изјави  пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин, во утринската емисија на Телма“.

Ќе видиме во четврток каква ќе биде одлуката за гласање на доверба на Владата, и колку пратеници ќе обезбеди ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме дел од актуелното мнозинство и нема да гласаме за пад на Владата, на Македонија и е потребна стабилност, особено кога имам сериозна економска криза, како и евроатланските процеси, граѓаните не бараат да одиме од избори на избори, бараат да имаат стабилност и не сметам дека избори се решение, дополни Морачанин.

09.11.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега