Морачанин: Најголемата замерка за Заев беше што не ја фати метлата

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, во гостувањето на Утрински брифинг го објасни својот став за новата Влада, од страна на мандатарот Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека најголемата замерка за Заев било, тоа што не ја зел метлата.

-Се познавам со Ковачевски и сметам дека има енергија во него, има волја да ги направи неопходните промени. Тој своите искуства што ги има во приватниот сектор верувам дека ќе ги пренесе во работата во Владата. Сметам дека институциите ќе профункционираат онака како што бараат граѓаните. Верувам дека ќе донесе ред и одговорност во работата на институциите. Впрочем, најголема замерка за Заев беше тоа што не ја зеде метлата, нагласи Морачанин.

Таа уште еднаш нагласи дека граѓаните очекуваат од новата влада стабилност и решавање на горливите проблеми со кои се соочуваат.

24.12.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега