Морачанин: Вечерва ќе се видиме со Заев па во партијата ќе решаваме што понатаму

Вечерва ќе разговараме со Заев па ќе донесеме одлука во партијата што ќе правиме понатаму.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во изјава за медиумите вели дека се надева дека Владата нема да застрани од зелените политики кои се клучни за нејзината партија.
“Јас не сакам да навлегувам во шпекулации. Очекувам вечерва да ни биде презентирано што се е дел од тој договор и што ќе бидат приоритетите, се разбира потоа се тоа ние внатре во партиските структури ќе го дискутираме и ќе ја донесеме финалната одлука“ – вели Морачанин.

Прашана дали тоа значи дека е можно нејзината партија да донесе одлука и да излезе од мнозинството, Морачанин вели дека најважна е програмата на новата Влада

„Што ќе биде програмата на новата Влада, Тоа е клучното кога сте дел од Влада. Хипотетички, што ако има промени во оние политики што се важни за нас како зелена партија, обновливите извори на енергија, борбата со загадување. Не очекувам тоа да се случи но сакам да и објаснам на јавноста зошто е тоа многу важно. Затоа вечерва очекувам да го разговараме тој договор, да бидеме целосно информирани и да можеме и ние како коалициски партнери внатре во партиите да објасниме“ – вели Морачанин

06.12.2021 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега