Морничава несреќа во Русија: Познати спортисти живи изгореле во своето Порше (ФОТО)

Страшна трагедија се случи во неделата вечерта во Русија.

Познати руски спортисти Иван Куренбин и Татјана Игушина ги загубија своите животи во страотна сообраќајна несреќа.

Тие се возеле во Порше Карера 911 со неприлагодена брзина, поради што удриле во столб крај патот. Автомобилот веднаш им се запалил, а тие не успеале навреме да излезат, по што следувала сурова смрт.

 

За тежината на несреќата говори и фактот што полицијата се уште не знае кој од нив двајца бил зад воланот, бидејќи нивните тела биле непрепознатливи, поради што тоа ќе мора да се утврди по обдукцијата.

Иван бил син на поранешниот руски шампион во уметничко лизгање, Владимир Куренбин, додека Татјана се најде во Гинисовата книга на рекорди за патување околу светот со мотоцикл, откако минала 25.000 километри за само 18 дена.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Denis Kamarov RastaMafia (@den_hfrt)

13.07.2021 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега