Мотоциклист починал во градската болница- Тешка сообраќајка во Арачиново

 

Во тешко сообраќајка во Арачиново вчера со тешки повреди се здобиле двајца, од кој едниот им подлегнал на повредите во болница.

Според пријавеното, вчера во 13.00 часот било пријавено дека во село Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(22) од с.Арачиново.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал.

Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од село Арачиново, исто така,  се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега