Може да зарази и луѓе со јак имунитет: Опасната индиска мутација на коронавирус ќе се прошири низ Европа

Светската здравствена организација предвидува ширење на индиската мутација на коронавирусот низ Европа, изјави шефот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

СЗО нагласува дека моментно оваа варијанта на вирусот предизвикува најсериозна загриженост, затоа што индиската мутација е поопасна, позаразна и може да зарази дури и луѓе со јак имунитет.

Клуге упати совет до Европејците да не ги занемаруваат здравствените мерки.

 

Тој изрази надеж дека искуството во борбата против Ковид-19 ќе помогне да се избегнат голем број грешки направени на почетокот на пандемијата, што ќе овозможи да се спасат човечки животи.

11.06.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега