„Можеби сум премногу неспособна, но не е лесно“ - Андреа Петковиќ признала дека 7 години немала сексуални односи

Андреа Петковиќ, германската тенисерка со српско потекло, направила голем чекор во кариерата за кој пишуваат сите медиуми.

Имено, таа на 1. декември ќе стане ТВ лице на германскиот јавен сервис ЗДФ, каде ќе започне со своите репортажи. Уредниците на оваа телевизија ја избрале Андреа, затоа шо велат дека е уникатна во светот на тенисот, со оглед на тоа дека е интелигентна, шармантна, духовита и расположена за разговор на секоја тема, не само за тенисот.

Посебен впечаток кај публиката оставила кога рекла дека седум години е сама и дека не ? е лесно да најде партнер со кој може да има секс.

-Дрогата отпаѓа затоа што имаме сериозни прописи за допинг. Алкохолот отпаѓа затоа што го забвува закрепнувањето на организмот. Строго говорејќи, сексот не отпаѓа, но сум или премногу неспособна или премногу пребирлива и сметам дека не е така лесно да се има секс - рекла Андреа своевремено и објаснила зошто е тешко да најде одговарачки партнер.

-Триесет до четириесет недели годишно сте на пат, тоа е тешко за маж. За мене не е опција врска со тренерот, како на многумина. Филмовите се мојот излез, семејството и пријателите - напишала Андреа.

 
 
 
View this post on Instagram

hi charleston, i like you #volvocaropen @volvocaropen @instylemagazine

A post shared by Andrea Petkovic (@andreapetkovici) on Apr 1, 2019 at 6:24am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега